ФудбалФутсал

ФОТО: Проект го „здроби“ Јувентус Серава, „петарда“ за Осогово, реми на дербито во Скопје!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Вечерва се одиграа три натпревари од 2. коло на Првата футсал лига, а кое коло донесе две убедливи победи и едно реми со четири погодоци.

Екипата на Проект го одигра првиот меч од новата сезона, откако нивниот меч од првото коло беше одложен поради обврските на шампион Форца во Лигат на шампиони.

Проект имаше фуриозен старт на сезоната откако на гостување кај Јувентус Серава славеше со убедливи 0:8. Во меч на тотална доминација искусниот Мартин Тодоровски запиша хет-три, Горан Стојанов беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Кристијан Гавровски, Никола Анчевски и Наум Блажевски.

ФОТО: КМФ Проект | Јувентус Серава – Проект

Убедлива победа однесе и тимот на Кеги Моби, откако на домашниот терен во Велес со 5:1 го декласираше Осогово од Крива Паланка.

Прво неизвесно полувреме, а второ полувреме во знакот на доминацијата на домаќинот. Димче Андов уште во 1. минута го отвори резултатот за водство на домашниот тим, а веќе во 3. минута Давид Ристовски погоди за 1:1. По десет минути игра Андов со втор гол го врати водството на домаќинот, кој на полувреме имаше 2:1.

ФОТО: КМФ Проект | Јувентус Серава – Проект

Во вториот дел Стефан Димовски, Петар Левков и Иван Наунов беа прецизни за конечни 5:1.

Дербито во Скопје меѓу Бутел и Шкупи заврши без победник, двете екипи ги поделија бодовите откако одиграа 2:2. Гостинот имаше два гола предност по девет минути игра преку Абдил Кадир Јахја и Љавдрим Фазлију, а во 11. минута Петар Лазовски погоди за 1:2 на полувреме.

Во вториот дел Владимир Трендафиловиќ беше прецизен за конечни 2:2 и делба на бодовите.

Во саботата екипата на Балкан на домашен терен славеше против Мал Ајакс со 7:5, извештајот од овој меч е достапен овде, а колото ќе се комплетира со одложениот меч меѓу Форца и Клими од Кавадарци.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!