Трета лигаФудбал

Превалец минимално ја доби Тополка, Борец и Питу Гули пресилни!

Сподели
ФОТО: Превалец - Тополка
Сподели

Осмото коло во Трета лига – Југ донесе минимална победа за Превалец над Тополка од 1:0, а мечот го реши Пеце Стојанов.

Венец со голот на Јован Лембовски ги освои трите бодови во мечот против Башкими од Јаболчиште со 0:1, па така бодовите заминаа на контото на тимот од Долни Дисан.

Питу Гули забележа убедлива победа од 3:0 над Влазними Јуниор откако Филип Кукески во 8. минута го отвори резултатот, а пак Оливер Велевски во 44. минута погоди за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел Адмир Угњанин погоди во 81. минута за конечни 3:0 со што трите бодови остана дома.

ФОТО: Превалец – Тополка

Ултрас преку пресврт со 1:4 славеше на гостувањето кај Млекар. Домаќинот преку Виктор Јованоски во 6. минута го отвори резултатот, но гостинот од 24. минута имаше веќе 1:2 со погодоците на Бобан Тошески и Даниел Богојески. Во вториот дел со двата гола на Христијан Баракоски стигна до конечни 1:4.

Младост на домашниот терен во Кривогаштани го доби Бучин со 3:1. Мартин Деркоски беше двоен стрелец за домаќинот, а гол даде и Андреј Бунески. Во вториот дел Бојан Мицески погоди за ублажување на поразот.

Ланскиот второлигаш Борец со 2:5 славеше на гостувањето кај Дреново и така ги обезбеди трите бодови во меч на тотална доминација. Херој на мечот беше Теодор Мирчевски со постигнати четири погодоци, а пак еден гол постигна Филип Ефтовски.

За домашниот тим погодија во вториот дел Ернес Амедоски и Никола Арсов.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски го доби дербито меѓу Шкендија и Вардар, Бењамин Ќерими ќе им суди на Арсими и Брегалница

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од единаесеттото...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!