Втора лигаФудбал

Брегалница и Детонит Плачковица ги поделија бодови – реми без голови во Штип!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Брегалница и Детонит Плачковица ремизираа без погодоци во дербито на 10. коло на Втората лига кое се одигра под рефлектори во Штип, со што „сините“ го препуштија врвот на Шкендија Арачиново.

Брегалница имаше притисок да стигне до трите бодови со цел да го сочува врвот, а Детонит Плачковица беше растеретен од таков притисок па влезе доста мотивирано на натпреварот и имаше особено одлично прво полувреме со неколку големи шанси, во однос на Брегалница која преку Дино Михолов имаше најзрела шанса да го отвори резултатот во првиот дел.

Тоа што не го искористи тимот од Радовиш за отварање на резултатот, Брегалница на стартот од вториот дел го зеде во предвид и започна поорганизирано кон голот на противникот, но не успеа да реализира, а Детонит Плачковица постигна и погодок кој беше поништен, но на крај радовишани можат да жалат и што не ги освоија трите бодови.

Во 74. минута од мечот голманот на гостинскиот тим Димитар Ѓоргиев заработи жолт картон поради задржување на време, а во 88. минута поради приговор Ѓоргиев доби втор жолт картон, автоматски и црвен картон и мораше да го напушти натпреварот.

Од игра беше повлечен Стефан Ристовски, а на негово место влезе вториот голман на Детонит Плачковица, Стефан Нанчовски кој дебитираше на голот на радовишкиот тим и се покажа во одлично светло со неколку интервенции.

Во самиот финиш Брегалница се обидуваше да креира шанси, но немаше сили, а тимот од Радовиш може да жали особено за тоа што не го реализираше во првиот дел, а Брегалница за своите моменти од играта кои не ги претвори во гол, па затоа двете екипи ги поделија бодовите, иако стратегот на радовишкиот тим вели дека било штета што не победиле во Штип.

По мечот Горан Здравков, шефот на стручниот штаб на Детонит Плачковица, истакна дека неговиот тим одиграл одличен натпревар.

„Одигравме одличен натпревар, но штета што не победивме. Во првото полувреме бевме доминантни моравме да ги искористиме шансите. Можам да кажам дека во првото полувреме одигравме перфектен натпревар, фудбалерите дадоа се од себе. На почетокот на второто полувреме малку Брегалница го зема поседот, створи некои полушанси, но сепак генерално шансите во второ полувреме ги имавме ние. Постигнавме чист гол кој што неоправдано ни беше поништен, не знам зошто и потоа во една сомнителна ситуација нашиот голман заработи втор жолт картон“, рече Здравков во изјавата за Спортска Мрежа.

„Нула“ и делба на бодовите, со што двете екипи веќе се насочуваат кон другите натпревари. Во следното коло Детонит Плачковица дома ќе игра со Новаци, а Брегалница оди кај Слога во Виница.

Во однос на табелата Шкендија Арачиново е прва со 26 бодови, втора е Брегалница со 24 бодови, трет е Охрид со 21, на четвртото место е Скопје кој има 20 бодови, следува Беласица која е петта со 19 бодови, а пак Детонит Плачковица е на 6. место со 18 бодови.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„На крилјата на навивачите да стигнеме до финалето!“ – порака од Иванковиќ пред битката со Целје

Охрид е на прагот на историски момент – натпревар што може да ја однесе екипата во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и да...

ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига, а вниманието го привлекуваат дуелите меѓу Спартмани и Дрвош, како и...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига,...

Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата...

Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор...

Прва лигаФудбал

Дарко Ангелески: Фокусот е на Купот, но бодови сакаме и во првенството

Третото место веќе е недостижно за Силекс, па кратовскиот тим речиси сигурно...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!