ИнтернационалциФудбалФутсал

Форца одигра храбро, но повторно без бодови – пораз од Силико

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Македонскиот футсал шампион Форца го забележа и вториот пораз во рамките на главната рунда од Лигата на шампионите, губејќи со 4:2 од словенечкиот првак Силико.

По убедливиот стартен неуспех против украинскиот Хит, овојпат избраниците на Форца одиграа многу подобро и подисциплинирано, водејќи рамноправна борба со фаворитот од Словенија сè до самиот финиш на мечот.

Резултатот беше изедначен до последните три минути, кога Силико со два брзи гола успеа да ја скрши отпорот на нашиот првак и да стигне до конечна победа.
Двата погодоци за Форца ги постигна Хесус Ривас, кој повторно беше најзабележителен поединец во редовите на македонскиот претставник.

И покрај поразот, настапот против силниот словенечки шампион покажа дека Форца расте од меч во меч и дека поседува потенцијал за конкурентни изданија на меѓународната сцена.

Форца ќе го одигра и својот трет натпревар против Аурора Тим, во кој ќе се обиде да стигне до првите бодови и да ја заокружи оваа европска авантура со позитивен впечаток.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!