Ракомет

Анчева со 12 погодоци, но недоволно – Астибо загуби од Вардар

Сподели
Сподели

Со натпреварот меѓу Вардар и Астибо вечерва беше отворено седмото коло од женската ракометна Суперлига. На дуелот одигран во Скопје, вардарки стигнаа до убедлива победа од 38:26, а за гостинките од Штип, ниту фантастичната партија на искусната Марија Анчева со 12 погодоци не беше доволна за изненадување.

Домаќинот одлично го отвори мечот и уште во првите минути го наметна својот ритам. Вардар доминираше во сите сегменти на играта и во 16. минута веќе имаше висока предност од 12:2, што практично ја одреди судбината на натпреварот.

Астибо се обидуваше да воспостави резултатски баланс, но тешко успеваше да го следи темпото на фаворитот. Во второто полувреме Вардар играше на рутина, контролирајќи го текот на мечот и одржувајќи стабилна предност до последниот свиреж на судиите.

Кај домаќините најпрецизна беше Леона Миленкоска со шест погодоци, а веднаш зад неа беше Ивана Кимовска со пет реализации. На спротивната страна, Анчева повторно ја потврди својата класа, но не доби доволна поддршка од соиграчките за да се закани на резултатот.

Во следното коло, штипскиот тим ќе гостува кај Спартак, каде ќе ја бара шансата за враќање на победничките патеки. Вардар, пак, го очекува тежок предизвик на домашен терен против актуелниот првак Металург Автокоманда.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!