МагазинМладински фудбалФудбал

Фудбалот и хуманоста на делот: Беласица и АП Брера играат за Нина!

Сподели
Сподели

Во сабота, на помошното игралиште со вештачка трева во Струмица, фудбалот ќе има посебна мисија – хуманост. Младите генерации на ФК Беласица и ФК АП Брера, со деца родени во 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година, ќе одиграат првенствени натпревари од Регионалната детска лига, но овојпат резултатите ќе бидат во втор план.

Натпреварите ќе се играат во чест и поддршка на малата Нина Димитриевска, 14-годишно девојче од Струмица кое со години води тешка битка со церебрална парализа. На влезот од стадионот ќе бидат поставени кутии за донации, во кои сите посетители и учесници ќе можат да придонесат за нејзиното лекување.

Натпреварот на генерацијата 2013 започнува во 09:30 часот, додека останалите категории ќе играат од 13:30 часот.

Тренерите на двете школи ги повикуваат сите љубители на фудбалот и струмичани со големо срце да дојдат, да ја поддржат акцијата и да уживаат во фудбалот на најмалите – нашата иднина.

„,Имено децата ќе донираат парични средства за својата сограѓанка Нина на која и се потребни средства за лекување. На влезот на стадионот ќе бидат поставени кутии каде сите посетители ќе може да донираат за Нина“, порачаа организаторите.

  • За Нина – девојчето со голема борба и уште поголема надеж

Нина Димитриевска, иако има само 14 години, веќе води повеќегодишна битка со церебрална парализа, која го отежнува секој нејзин чекор. Од својата втора година е во постојан процес на терапии, а на седум и пол години била подложена на комплексна операција во Америка (Selective Dorsal Rhizotomy), по која направила свои први самостојни чекори.

Пандемијата, прекинот на рехабилитацијата и новите здравствени предизвици – глауком и сколиоза, како и неодамнешната операција со компликации, донесоа нови финансиски тешкотии за семејството.

  • Начини за донација

📱 А1: 143 473
📱 Т-Мобиле: 143 193
🏦 Шпаркасе банка: 250500021369574
🏦 Тутунска банка: 210501724202015
IBAN: MK07250080008236959
SWIFT: INSBMK22
🌐 Онлајн линк за донација: pavelandreev.org – Нина заслужува живот без болка

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!