Прва лигаФудбал

Без победник во Ѓорче Петров – Македонија ЃП и Башкими ги поделија бодовите

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Возбудлив натпревар со по еден гол во двете мрежи и неколку необични ситуации го одбележа дербито меѓу Македонија Ѓорче Петров и Башкими, одиграно во рамки на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Двата тима поделија бодови (1-1) во меч во кој голманите беа јунаци во првиот дел, а во второто полувреме токму нивните грешки ги отворија и затворија сите дилеми околу исходот.

Домашните „лавови“ го започнаа натпреварот поактивно и создадоа неколку изгледни шанси преку Софијаноски и Гереро, но недостасуваше завршница. На спротивната страна, Башкими се закани сериозно во неколку наврати – Мемеди, Симоновски и Аворнио беа блиску до погодок, но Јанков со сигурни интервенции го сочува својот гол. До крајот на првото полувреме и двата голмани покажаа сигурност и одлична реакција во клучните моменти.

Само што почна вториот дел, Башкими успеа да поведе. Голманот на домашните, Ристе Јанков, неуспешно се обиде да ја исфрли топката, Симоновски ја пресече, а Аворнио го искористи подарокот и реализираше за водство од 0-1.


Македонија ЃП потоа притисна и создаваше шанси преку Стоилов и Перез, а најавата за израмнување стигна во 77. минута, кога Стоилов го погоди рамниот дел од пречката, а во продолжението од акцијата Пецов биеше од десната страна, при што топката се одби од рацете на Стојковски и заврши во мрежата – 1-1.

Во завршницата, двете екипи имаа можност за победа. Најблиску беше Маркоски, чиј удар во последните минути замина крај стативата на Башкими, додека Алими и Зука не успеаја да реализираат на спротивната страна.

Со овој бод, Башкими ја продолжи серијата без пораз и останува во горниот дел на табелата, додека Македонија ЃП се стабилизира во средината, најавувајќи дека ќе се бори за повисоки позиции во продолжението од сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!