Прва лигаФудбал

Арсими со ново големо враќање – Работнички испушти сигурна предност во возбудливо реми во Гостивар

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Возбудлив натпревар со четири гола и драматичен расплет се одигра во Гостивар, каде Арсими и Работнички ги поделија бодовите одигрувајќи 2-2 во рамки на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Иако гостите од Скопје на полувремето водеа со 0-2, домаќините повторно покажаа карактер и успеаја да се спасат од пораз во завршницата на мечот.

Работнички го отвори натпреварот подобро и создаде неколку прилики уште во првиот дел, наградувајќи го тоа со два погодоци во само една минута. Најпрво, Демир Имери со прецизен удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата на домаќините, а само по неколку секунди несреќно интервенираше Дрљевиќ, кој ја испрати топката во сопствената мрежа за 0-2.

Арсими по паузата тргна многу поофанзивно, предводен од своите најискусни играчи. Прво, Башким Велија со вистински еврогол од далечина намали на 1-2, враќајќи ја неизвесноста во натпреварот. До крајот домашните фудбалери не се предаваа и во 84. минута дојдоа до израмнување преку резервистот Албан Таипи, кој најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Работнички. По прегледување на ситуацијата со ВАР системот, погодокот беше признат на радост на публиката во Гостивар.

Во последните минути од натпреварот и двете екипи имаа шанси за цел плен, но резултатот остана непроменет. Работнички може да жали, бидејќи имаше сигурна предност, но не успеа да ја задржи.


По ова реми, Арсими го задржа осмото место на табелата со 12 освоени бодови, додека Работнички останува десетти со вкупно седум бодови. Во следното коло, тимот од Чегране ќе го пречека Башкими, додека скопските „романтичари“ ќе имаат нов предизвик против Тиквеш.


Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската У19 репрезентација на Македонија го доби вториот дуел со Косово, Галабовска и Грозданова стрелци на головите

Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Косово во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации....

Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка на патот во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде австрискиот претставник Келаг...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!