Ракомет

Ракометарот на Струга, Филип Пајкоски, успешно опериран по повредата на рамото

Сподели
ФОТО: РК Струга
Сподели

Ракометниот клуб Струга соопшти дека нивниот играч Филип Пајкоски во текот на вчерашниот ден бил подложен на успешна операција на рамото, по што ќе следи период на рехабилитација и опоравување.

Од клубот преку соопштение истакнаа дека му посакуваат брзо опоравување на Пајкоски и брзо враќање на ракометните терени.

„Поради повреда на рамо, во текот на вчерашниот ден успешно беше опериран нашиот ракометар Филип Пајкоски. По што следи процес на рехабилитација. Филип ти посакуваме брзо опоравување и да се вратиш посилен. Голема благодарност до целиот тим кој беше задолжен за неговата операција, посебно до Др. Огнен Шешоски и Др. Александар Стевоски,“ стои во соопштението на клубот.

Пајкоски беше еден од стандардните играчи во составот на стружани на почетокот од сезоната, па неговото отсуство ќе претставува значаен удар за тимот на тренерот на Струга.

По девет одиграни кола, стружани се наоѓаат на 10. место на табелата со четири освоени бодови, при биланс од две победи и седум порази. По завршувањето на ЕХФ неделата, Струга ќе се соочи со тешко гостување кај фаворитот Алкалоид во Автокоманда.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Томовски повторно двоцифрен, Македонецот продолжува да блеска во Бундеслигата!

Мартин Томовски повторно имаше значајна улога меѓу стативите за Битигхајм, иако неговиот тим остана без бодови во дуелот со Хановер. Гостите славеа со...

Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако во рамките на 8. коло на домашен терен со 2:0 ја...

Поврзани написи
Ракомет

Томовски повторно двоцифрен, Македонецот продолжува да блеска во Бундеслигата!

Мартин Томовски повторно имаше значајна улога меѓу стативите за Битигхајм, иако неговиот...

Ракомет

Вардар без проблеми го освои Богданци, Младост немоќен за изненадување

Актуелниот шампион Вардар рутински ја заврши задачата против Младост, славејќи со 44-34...

Ракомет

Алкалоид со убедлива партија до трет сезонски триумф!

Алкалоид продолжува со максимален учинок во Супер лигата. Тимот од Автокоманда го...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 со голема победа над Мулти Есенс

Еурофарм Пелистер 2 стигна до првите суперлигашки бодови оваа сезона, откако во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!