Трета лигаФудбал

Караорман слави над Сатеска, реми со по еден гол во Охрид, Славеј Мешеишта со голема победа!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Спортска Мрежа од Охрид

Реми со по еден гол на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид каде ремизираа Света Троица и Кравари за конечни 1:1.

Со неколку шанси и најчесто игра на средина првиот дел заврши со мирни мрежи. Во второто полувреме домаќинот заигра подобро со повеќе конкретни шанси, но немаше реализација, а затоа гостинот тоа го казни со гол во 75. минута преку Темур Емини.

Домашниот тим започна со притисок да дојде до погодок, а Кравари беше одлично поставен во првата зона, па по една ситуација беше постигна гол, но истиот беше понишен поради офсајд ситуација, на што имаше реакција и од домашните фудбалери.

Притисокот на Света Троица продолжи, а тоа резултираше со гол во 89. минута за конечни 1:1.

Кораби на домашен терен со 3:1 го декласираше Влазними, откако Фатјон Леши и Един Меровски погодија за 2:0 на полувреме. Во второто полувреме гостинот од Струга преку Насер Доко во 70. минута намали на 2:1 и се врати во игра барем за бод, но Трим Амбари погоди за конечни 3:1.

Нов пораз за Светлост, откако на свој терен во Кукуречани беше поразен од Славеј со што гостинот од Мешеишта дојде до првото сезонско славје.

Целакоски во 26. минута постигна гол за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Гелевски и Јордески ги поставија конечните 0:3.

Преспа со 3:1 на Градскиот стадион во Ресен го совлада битолски Евротип, откако домаќинот на полувреме имаше 2:0 со двата гола на Оливер Колоски. Во второто полувреме Ледион Сулејмани го шокираше гостинот за 3:0 во 51. минута. До крајот Мартин Кузманов погоди само за конечни 3:1.

Ланскиот второлигаш Караорман запиша голема победа од 2:3 над Сатеска во Волино во меч каде главениот судија Борче Цветковски од Битола двапати покажа на белата точка.

Голгетерот Никола Секулоски во 12. минута погоди за 1:0 со гол од белата точка, а пка во 41. минута Ивица Ќелешоски од бела точка погоди за 1:1. По три минути игра Игор Клечкароски постигна гол од игра за 1:2 на полувреме.

Во второто полувреме стружани преку Христијан Будиноски дојде до 1:3, а во 87. минута Лука Богданоски ги постави конечните 2:3.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа вчера Демир Хисар со 5:1 го декласираше тимот на Велешта, а извештајот од тој меч е достапен овде.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика за битката за опстанок – Работнички и Шкупи влегуваат во паузата...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во Виница славеше со 0:2 над Слога во последниот меч за есенската...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло...

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!