Трета лигаФудбал

ФК Овче Поле слави еден век постоење – свечена академија и дерби натпревар во чест на јубилејот

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Овче Поле од Свети Николе во недела, на 26 октомври 2025 година, ќе го одбележи големиот јубилеј – 100 години од своето постоење. Еден век фудбалска традиција, љубов и посветеност кон спортот ќе биде прославен со свечена академија и првенствен натпревар во рамките на Третата лига – Исток.

Свечената програма започнува во 12:00 часот во Домот на културата во Свети Николе, каде ќе се одржи свечена академија со доделување признанија и благодарници на најдобрите играчи, ветерани и заслужни членови кои оставиле трага во историјата на клубот. Настанот ќе биде исполнет со емоции и потсетување на златните моменти на клубот од 1925 година до денес.

По официјалниот дел, следува коктел-забава во 13:00 часот, по што фокусот ќе се префрли на Градскиот стадион во Свети Николе, каде од 14:00 часот ќе се одигра првенствениот натпревар од 8. коло во ТМФЛ – Исток меѓу ФК Овче Поле и ФК Рудар Пробиштип.

Овој натпревар ќе биде спортски украс на славеничкиот ден, во кој домашните фудбалери ќе се обидат со победа да го заокружат вековниот јубилеј на клубот. Организаторите апелираат до сите љубители на фудбалот, поранешни и сегашни членови, како и симпатизери на клубот, да присуствуваат и да го споделат овој историски момент.

Поради технички причини, ревијалниот натпревар помеѓу ветераните на ФК Овче Поле и ветераните на ФК Брегалница Штип, кој требаше да се одигра истиот ден, е одложен и ќе се одигра во некоја од следните пригоди.

ФК Овче Поле со вековната историја останува симбол на спортот во Свети Николе и горд претставник на регионот, а неделата ќе биде ден кога градот ќе живее во знакот на фудбалот, традицијата и спортскиот дух.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар го доби Алкалоид, дербито против Пелистер ќе биде за шампионската титула!

Вардар 1961 е на само еден бод од нова шампионска круна во македонската Суперлига, откако во 6. коло од плеј-офот пред својата публика...

Кошарка

Гевгелија е местото за ново дружење на младите кошаркарски таленти од цела Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на М12 каравани. односно проектот посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Голем хендикеп за Кожуф пред мечот со Шкендија Арачиново

Во сабота во Гевгелија ќе се одигра натпреварот меѓу Кожуф и Шкендија...

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Кога има желба има и услови: Липково со перфектен фудбалски терен

Фудбалскиот терен во Липково денес изгледа како вистинска спортска оаза, со зеленило...

Прва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ одлучи: Башкими казнет четири натпревари и 5.000 евра казна

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да го казни...

Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!