Трета лигаФудбал

Сашко Ристов ќе го суди дербито меѓу Еуромилк ГЛ и Шкендија Арачиново, Младеновски ќе им суди на Кадино и Куманово

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Утре ќе се одиграат натпреварите од 6. коло на Трета лига – Север, а оваа рунда ни го носи и големото дерби на колото меѓу поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ и амбициозниот тим на Шкендија од Арачиново.

Токму од таа причина како дерби на колото делегиран е прволигашки судија надвор од регионот на Трета лига – Исток, односно тоа ќе биде струмичанецот Сашко Ристов. Дополнително и помошниците на Ристов се надвор од овој третолигашки регион, а негови помошници ќе бидат Петар Новачев од Велес и Александар Гигов од Штип. За четврт судија е делегиран Ангелчо Ристов од Неготино. Делегат ќе биде Зоран Гелов од Кавадарци, а пак Орце Стефановски од Кратово ќе биде контролор.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 6. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:

Башкими Љуботен – Пчиња, Никола Костенчев (Скопје) 15 часот
Кадино – Куманово, Дејан Младеновски (Скопје) 10 часот
Еуромилк ГЛ – Шкендија Арачиново, Сашко Ристов (Струмица) 15 часот
Риниа – БВК Коњаре, Иле Никодиновски (Скопје) 15 часот
Фортуна – Аеродром, Виктор Спасовски (Скопје) 15 часот
Беса Влазрими – Њу Старс, Ненад Тодоровски (Скопје) 15 часот
Ржаничино – Академија Илинден, Борче Павловиќ (Скопје) 15 часот

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од првото коло, кои донесоа голем број на погодоци. Дрита на домашен...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

Трета лигаФудбал

Илинден го доби Аеродром, Ржаничино броеше до десет, висока победа за БВК Коњаре, три бода за Беса Сарај

Амбициозниот Илинден со триумф ја започна сезоната во Трета лига регион 1...

Трета лигаФудбал

Куманово со висок триумф над Јуниор од Доброшане, дебитантот од Крива Паланка тргна со пораз

Куманово со сигурна победа ја отвори новата сезона во Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!