Трета лигаФудбал

Дерби на Аеродром и Еуромилк ГЛ, Пчиња е фаворит за трите бодови, соочување на Ржаничино и БВК Коњаре

Сподели
ФОТО: Еуромилк ГЛ
Сподели

Утре, во вонреден термин, ќе се одиграат натпреварите од седмото коло во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Фортуна на домашен терен ќе ја пречека екипата на Беса од Сарај, во натпревар каде што домаќинот важи за фаворит. Главен судија на мечот ќе биде Валтон Маличи, а негови помошници Фуркан Фетаху и Иљаз Рамадани.

Кадино на свој терен ќе се обиде да ја прекине резултатската криза против екипата на Студеничани. Средбата ќе ја суди Методија Ставров, а помошници ќе бидат Дарко Наумовски и Бојан Божиновски.

Отља ќе ги бара првите бодови против расположената Пчиња, која игра во одлична форма. Главен судија на овој натпревар ќе биде Иле Никодиноски, со асистенти Шенол Шаботиќ и Кристијан Лазески.

Екипата на Башкими Љуботен ја очекува тежок меч на домашен терен против Куманово, кое важи за благ фаворит поради добрата форма. Главен судија е Виктор Спасовски, а негови помошници Александар Ѓорѓиевски и Матеј Спасевски.

Лопати ќе бара први бодови против екипата на Беса од Слупчане, во натпревар каде што главен судија ќе биде Ненад Тодоровски, а ќе му помагаат Виктор Здравев и Александар Нешковски.

Дербито на колото ќе го одиграат Аеродром и поранешниот прволигаш Евромилк од Горно Лисиче. Тимот на Евромилк, поради поискусните фудбалери во своите редови, ќе влезе како фаворит на мечот. Главен судија ќе биде Дејан Младеновски, а негови асистенти Горан Милошевски и Мартин Дувњак.

Седмото коло го заокружува дуелот меѓу Ржаничино и БВК Конаре, меч во кој двете екипи ќе атакуваат на трите бодови. Главен судија ќе биде Марјан Младеновски, со помошници Христијан Стојанчевски и Иван Ивановиќ.

Сите натпревари ќе започнат во 15:00 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички возврати со стил: Финалето израмнето на 1-1 по триумф над Наковски Волеј во Скопје

Одбојкарките на ОК Работнички Скопје остварија исклучително важна победа во вториот натпревар од финалната плеј-оф серија, откако пред домашната публика во СЦ „Борис...

Ракомет

Од училниците до трибините: гимназијалците со силна поддршка за ГРК Охрид пред европскиот предизвик

Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува од најмладите. Учениците и професорите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ испратија...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Радовишанецот Горан Стојанов блесна во финалето: хет-трик за историја и двојна круна на Проект

Горан Стојанов беше едно од најзвучните имиња во големото финале од Купот...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Хет-трик за Арсовски: Убедлива победа за Кратово, СЕЕ Университи однесе триумф во Липково

Убедлива победа забележа екипата на Кратово која со 8:1 го декласираше Овче...

Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК...

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!