Ракомет

Паунков: Со добра игра и поддршка од публиката веруваме во победа над Мулти Есенс!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во сабота во салата „Млаз“ во Богданци се очекува вистински ракометен спектакл. Екипата на Младост ќе го пречека тимот на Мулти Есенс во дерби натпревар од 7. коло на Првата ракометна лига – дуел на два тима кои досега не знаат за пораз и се борат за пласман во Суперлигата.

Капитенот на Младост, Горан Паунков, во изјава за Спортска Мрежа вели дека тимот е максимално подготвен и мотивиран за дербито.

„Се надеваме на добра игра и позитивен резултат. Атмосферата е на највисоко ниво, има голема хемија меѓу нас се надеваме тоа ќе го докажеме на натпреварот“, изјави Паунков.

Тој очекува уште еден тежок натпревар, но и огромна поддршка од верните навивачи во салата.

„Секој натпревар е посебен, Мулти Есенс е млада екипа и игра брз ракомет со многу трчање. Ние сме спремни на тоа и се надевам ќе одговориме на нивната игра и ако го испочитуваме тоа што го работиме на тренинг на крај ќе се радуваме на бодовите. Секако очекуваме максимална поддршка од нашите фанови, се надеваме како и на претходните натпревари ќе ни бидат 8-ми играч и на крај заедно ќе се радуваме“. додаде капитенот.

Натпреварот меѓу Младост и Мулти Есенс ќе се одигра во сабота со почеток од 19:00 часот во салата „Млаз“ во Богданци. Се очекува полна сала и силна поддршка за избраниците на тренерот Горан Андоновски, кои ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и да останат на врвот на табелата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!