Останато

Двојна одбојкарска програма во Скопје – Струмица 47&72 и Јанта Волеј КВ стартуваат во Лигата на шампионите

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонските шампиони Струмица 47&72 во машка и Јанта Волеј КВ во женска конкуренција, денес ќе имаат настапи во рамките на квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите, со двојна програма во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Машкиот првак Струмица 47&72 четврта година по ред ќе биде дел од најпрестижното европско натпреварување, а на стартот ќе има сериозен предизвик – дуел против најтрофејниот романски клуб Динамо Букурешт, денес од 17 часот.

„Четврта година во низа сме дел од најквалитетното европско натпреварување, но оваа сезона имаме подмладен состав и поскромни амбиции. Целта е младите играчи да стекнат искуство, а со поддршка од поискусните да прикажеме квалитетна игра и достоен отпор. Зошто да не освоиме и еден сет“, изјави капитенот Ефтим Ричлиев.

Македонскиот репрезентативец Кристијан Илиев додаде:

„Динамо Букурешт е фаворит, но токму тоа е мотив повеќе за нас да се докажеме.“

Во женска конкуренција, Јанта Волеј Кисела Вода ќе дебитира во Лигата на шампионите. Избраничките на тренерот Никола Јаневиќ ќе се соочат со трикратниот шампион на БиХ – Гацко, денес од 20 часот, исто така во „Јане Сандански“.

„Јанта Волеј КВ испишува историја со првото учество во Лигата на шампионите. Имаме противник по мерка и според анализите сме на исто ниво. Добро работевме во подготовките и имаме позитивна атмосфера во тимот. Скромни сме во очекувањата, сакаме да освоиме сет, а потоа ќе видиме што ќе донесе мечот“, изјави тренерот Јаневиќ.

Капитенот Тамара Тасевска додава:

„Самото учество е голем успех за нас. Помлада екипа сме, но тоа ни носи свежина и енергија. Работиме сериозно и посветено, и се надеваме на позитивен резултат – барем еден освоен сет, а можеби и нешто повеќе.“

Влезот за публиката во СЦ „Јане Сандански“ е слободен, а двата натпревара ќе бидат пренесувани во живо на каналот „Арена Спорт“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пресече: Објавен поширокиот список за дуелот со Словачка

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за претстојниот бараж дуел со...

Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК Скопје и ГФК Тиквеш 1930, одигран во рамките на 23. коло...

Поврзани написи
Останато

Фит Фан Волеј ќе игра во Првата лига и следната сезона

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и следната сезона ќе бидат дел од...

Останато

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација успеа да стигне до три четвртфинални борби за медал на Европското првенство на Крит, Грција

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација имаше забележителен настап на Европското Таеквон-до ИТФ првенство...

Останато

17-годишниот Валентино Јовановски со подвиг во Штип: истрча 5 км со панцир

Младиот спортист од Кратово, Валентино Јовановски, на само 17 години направи вистински...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!