Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново игра во страшна форма – тимот е во четвртфиналето на Купот, а цели и кон Прва лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Шкендија Арачиново - Охрид
Сподели

Второлигашот Шкендија Арачиново игра во фантастична форма – доминира во Втората македонска фудбалска лига со учинок од шест победи и две ремија и со 20 бодови го дели првото место со штипска Брегалница.

Со еден од најдобрите напади и една од најдобрите одбрани тимот на искусниот стратег Љупчо Марковски – Калц обезбеди и четвртфиналето од Купот на Македонија, откако го исфрли прволигашот Пелистер со минимални 1:0, благодарение на голот на Арсим Љамалари, но доволни за да обезбеди место меѓу најдобрите осум.

Шкендија Арачиново заедно со Брегалница се единствените непоразени екипи во Втората лига и по осум кола, а тимот на популарниот Калц игра во форма со која тимот цели и кон Првата лига.

Шкендија Арачиново има одличен тим, на голот е младиот Баки Алиу кој е во одлична форма и носи стабилност меѓу стативите, потоа тука се искусните Дарио Десниќ, Арсим Љамалари, Љупчо Трпески кој е столб во одбраната и миленик на публиката, Бурхан Алији, Мргим Дани, Кристијан Чурлинов, Христијан Коцев, капитенот Басир Беќири, Христијан Димов, во тимот од Арачиново се и Бујар Иљази, Еркан Шаип, Александар Ѓорѓиески, но тука се и неколку млади играчи кои имаат одлична сезона како Јусуф Каба, Амир Нухија, Аљбан Ферати, Фикрет Љиварека, Аљбин Шабани…. ова се дел од играчите кои ја носат таа победничка Шкендија на патот кон Првата лига.

„Навистина ако некој пред првенството прогнозираше дека Шкендија Арачиново после седум кола на првото место, сигурно многу нема да му веруваа. Ние се бориме на секој натпревар да извлечеме максимум“, вака изјави шефот на стручниот штаб Љупчо Марковски – Калц, по победата над Беласица во Струмица во меч од 7. коло за Спортска Мрежа.

ФОТО: Спортска Мрежа | Љупчо Марковски – Калц изјава за Спортска Мрежа

Сега, неговиот тим и по осум кола го дели врвот и ја продолжува победничката низа, а атмосферата меѓу ирачите во соблекувалната, и кај навивачите на трибините е на високо ниво, а второлигашот од Арачиново на секој меч има силна поддршка од трибините.

Шкендија Арачиново сезоната ја отвори со победа над Преспа од 0:3 во гости, потоа го доби дома Охрид со 2:1, па следуваше ремито со Скопје во Автокоманда од 2:2.

Со 4:0 го доби Големо Коњари на домашен терен, во Радовиш одигра нула со Детонит Плачковица, па ја доби Слога Виница со 2:1 пред домашната публика, а славеше потоа минимална, но голема победа над Беласица во Струмица од 0:1, а пак во рамки на 8. коло го доби Тетекс во гости со 1:2.


Во рамки на Купот екипата на Шкендија Арачиново славеше над Каменица Саса во пенал рулетот – во регуларниот дел беше 1:1, додека пак во осминафиналето го исфрли прволигашот Пелистер со 2:1.

Уште седум кола до крајот има во Втората лига, а Шкендија Арачиново ќе игра со Осогово, Победа, Кожуф, Вардар Неготино, на 22 ноември дерби со Брегалница на домашен терен, Новаци и есенскиот дел го затвара дома со Каменица Саса.

ФОТО: Спортска Мрежа

Секој меч ќе има своја тежина, бодовите се важи од секое соочување, а момците на Љупчо Марковски – Калц на секој меч ќе одат по нови три бодови и да ја продолжат таа победничка приказна на патот кон остварување на своите цели.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!