ИнтернационалциФудбал

УЕФА им даде доверба – три македонски судиски тројки ќе делат правда во младинската Лига на шампиони!

Сподели
Сподели

Големо признание за македонското судиско тело – три македонски судиски тројки оваа недела ќе делат правда во натпревари од младинската Лига на шампиони под покровителство на УЕФА.

Нашите арбитри добија доверба да делат правда на натпревари од различни групи во ова елитно младинско натпреварување, што е јасен показател за напредокот и довербата што УЕФА ја има во македонските судии.

Првата тројка, предводена од Игор Стојчевски, со асистентите Ристо Ѓорѓиев и Вјолца Изеири, ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Баник Острава од Чешка и белградска Црвена Звезда.

Во Виена, главен судија ќе биде Јован Качевски, кому ќе му помагаат Даниел Василевски и Давор Цветаноски на мечот меѓу Австрија Виена и израелскиот Макаби Хаифа.

Третиот македонски судиски тим ќе патува на Фарските Острови, каде што Влатко Илиоски, Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски ќе го судат натпреварот меѓу Викингур и белгискиот Генк.

Ваквата бројност на македонски судии во меѓународни рамки е реткост и претставува доказ дека домашното судење е во подем и дека македонските арбитри чекорат кон највисоките европски стандарди.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер лигата, а пред мечот со Алкалоид кој ќе се игра во...

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот турнир „Трофеј Македонија 2026“, откако во Охрид ја совлада Србија со...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

Фудбал

Подобри услови за фудбал во Гостивар: Дополнителни рефлектори поставени на теренот со вештачка трева

Фудбалот во Гостивар добива подобри услови за работа и одржување на натпревари,...

Прва лигаФудбал

Шкендија лидер, Брегалница скокна на шестото место, Силекс седми, Скопје на дното

Вчера во Штип беше комплетирано осмото коло од Првата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!