Ракомет

Тиквеш се прости од Европа – Бешикташ повторно пресилен

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Тиквеш ја завршија својата европска епизода во второто коло од ЕХФ Европскиот куп, откако и во реваншот во Кавадарци беа поразени од турскиот шампион Бешикташ со 21-23.

Иако резултатот од првиот натпревар во Истанбул им ја намали шансата за пласман понатаму, кавадарчани одиграа борбено и со чест го завршија својот настап пред домашната публика. Тимот на тренерот Кристијан Грчевски одлично го започна мечот, водеше со 6-3 и 8-4, а во неколку наврати имаше можност да ја зголеми предноста. Сепак, неколку пропуштени шанси и технички грешки му овозможија на искусниот противник да ја намали разликата, па на полувремето таблата покажуваше 11-9.

Во продолжението, клучната фигура беше голманот Василије Печурица, кој со 16 одбрани го одржуваше својот тим во игра, но бековската линија не успеа да го следи неговото темпо. Бешикташ ја искористи секоја грешка и во последните минути направи пресврт кој му ја донесе и втората победа во двомечот.

Најефикасен кај Тиквеш беше Балша Чејовиќ со шест погодоци, додека Богдан Мијушковиќ постигна пет. Кај гостите, најдобар стрелец беше Емре Бабачан со седум гола.

И покрај елиминацијата, Тиквеш покажа дека може рамноправно да се носи со далеку поискусни ривали, а европската сцена ќе остане драгоцено искуство за младиот кавадаречки состав.

По завршувањето на овој двомеч, Македонија во ЕХФ Европскиот куп ја претставува само екипата на ГРК Охрид, која без поголеми проблеми го елиминираше азербејџански Баки.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново и Брегалница од Делчево заврши со резултат од 1:1, но сепак...

Поврзани написи
Ракомет

Андоновски пред Целје: „Ако ја сопреме нивната брза игра – можеме до поволен резултат!“

Охриѓани ја живеат една од своите најуспешни сезони во својата клупска историја,...

Ракомет

Моралес пред европското полуфинале: ,,Ова е клучен натпревар за да го задржиме нашиот европски сон жив“

Ракометарите на Охрид ги очекува еден од најважните предизвици во сезоната –...

Ракомет

Ракометар доби едногодишна суспензија, РФМ изрече и дополнителни санкции

Дисциплинската комисија на Ракометна федерација на Македонија донесе одлуки за санкции по...

Ракомет

„Ќе оставиме срце на терен!“- Блажески го најави полуфиналето со Целје!

ГРК Охрид го очекува нов голем предизвик на европската сцена – полуфиналниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!