Ракомет

ЕХФ им го довери дербито на колото – Николов и Начевски повторно во центарот на вниманието!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Европската ракометна федерација го потврди списокот на официјални лица за натпреварите од шестото коло во Лигата на шампионите, а на него повторно се најде македонската елитна судиска двојка — Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Нашите најдобри арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу францускиот Нант и данскиот Алборг, кој ќе се одигра во Франција. Делегат на средбата ќе биде Полјакот Марек Горалчик.

Натпреварот е закажан за 22 октомври, со почеток во 20:45 часот, во познатата „ХХЛ Арена“ во Нант.

Двојката Николов – Начевски и овој пат ќе има чест да биде дел од едно од најинтересните дерби средби во елитното европско натпреварување.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од 20:00 часот тимот го очекува дуел против домаќинот Атлетик Футсал Клуб...

ИнтернационалциФудбалФутсал

🔴 Во ЖИВО од Австрија: Грац – Проект

Следете го во живо првиот натпревар во претквалификациите во УЕФА футсал Лигата на шампиони на Проект против домаќинот Грац. Дуел на шампионот на...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната...

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан...

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот...

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!