Втора лигаФудбал

Панче Стојанов назначен за нов шеф на стручниот штаб на Беласица

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Фудбалскиот клуб Беласица денеска официјално потврди дека Панче Стојанов е именуван за нов шеф на стручниот штаб. Одлуката следува само два дена по спогодбената разделба со досегашниот тренер Александар Стојанов, со што клубот брзо реагираше и го назначи својот нов предводник.

Стојанов е добро познато име на македонската фудбалска сцена, со богата кариера и како фудбалер и како тренер. Во тренерската кариера ја водеше Академија Пандев, а беше и дел од стручниот штаб на АП Брера, каде што во одреден период ја извршуваше и функцијата шеф на стручниот штаб.

Како фудбалер, Стојанов остави длабока трага настапувајќи за неколку македонски клубови, меѓу кои Беласица, Силекс, Ренова, Хоризонт Турново и Работнички, со што добро ја познава фудбалската средина и предизвиците во домашното првенство.

Новото поглавје во Беласица за него претставува предизвик со јасна цел – да го задржи тимот во борбата за највисоките позиции во Втората македонска лига. По осум одиграни кола, Беласица се наоѓа на третото место со 16 бодови, четири помалку од водечките Брегалница и Шкендија Арачиново.

Од клубот му посакаа топло добредојде, како и многу среќа и успеси во новата функција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната лига, а по успешниот старт против Партизан, битолчани повторно ќе играат...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!