Останато

Бронза за македонскиот џудист Марко Димитријоски на Балканското првенство во џудо во Будва

Сподели
ФОТО: Џудо федерација на Македонија
Сподели

Македонскиот џудист Марко Димитријоски, член на клубот „Пролетер“, освои бронзен медал во категоријата до 46 килограми на Балканското првенство во џудо за пионери, кое се одржа во Будва, Црна Гора.

Во конкуренција на најдобрите млади џудисти од регионот, Димитријоски демонстрираше одлична форма, техничка подготвеност и борбен дух, остварувајќи пет победи од вкупно шест борби. Со тоа го потврди својот квалитет и големиот потенцијал што го поседува.

На Балканското првенство во Будва, Македонија настапи со седум натпреварувачи: Марко Димитријоски, Филип Митревски, Ангел Стојовски, Марија Китевска, Марија Ангелова, Дила Пупаловиќ и Јована Цветкоска. Репрезентацијата ја предводеше селекторот Игор Димитријоски.

Настапот на младите џудисти претставуваше вредно меѓународно искуство и можност за напредок, додека правдата на првенството ја делеше македонскиот судија Сашо Димовски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 минимално поразена од Украина на развојниот турнир во Струмица

Македонската репрезентација до 15 години претрпе минимален пораз од Украина со 0:1 во третото коло од Развојниот турнир што се одржува во Струмица....

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

Поврзани написи
Останато

Ален Рустемовски со нокаут до полуфинале и борба за медал во Таранто!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во...

Останато

Хонтама ја елиминираше Ѓорческа во првото коло на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во...

Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!