Ракомет

Охрид на чекор од големо засилување – Јагуриновски на прагот на пристигнување?!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометниот клуб Охрид се подготвува за ново значајно засилување. Се очекува тоа да биде искусниот десен бек Томислав Јагуриновски, кој ќе се приклучи на тимот и ќе настапува за охриѓани до крајот на сезоната, потврдувајќи ги амбициите на клубот да остане конкурентен во македонската Супер лига.

Извори блиски до клубот велат дека сите детали се веќе договорени, а официјалната промоција на новото засилување се очекува во наредните денови.

Јагуриновски е македонски репрезентативец со богато искуство на домашната и меѓународната сцена. Кариерата ја започна во младинските категории на Металург, а подоцна настапуваше и за првиот тим. Играше и за Вардар, каде освои титули во домашното првенство и Купот на Македонија, а неговото искуство го збогатија и настапите во Исланд и за Пролет.

Во последниот период, 26-годишниот бек настапуваше во Германија, во тимот на Десау кој игра во Втората Бундеслига. Сега се враќа во македонското првенство со цел да го зајакне амбициозниот состав на Охрид. Со неговото пристигнување, клубот добива играч кој ќе донесе стабилност и лидерство во бековската линија, како и дополнителна сила во нападот.

Доколку трансферот биде официјализиран, тоа ќе биде едно од најзначајните засилувања во македонската Супер лига оваа есен, што сигурно ќе ги воодушеви навивачите на Охрид пред продолжението на сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!