ИнтернационалциФудбал

Стојанче Трпчевски е нов македонски ФИФА судија!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија, на предлог на Судиската организација, ќе направи измени на интернационалната листа на македонски судии за 2026 година. Една од најзначајните новости е вклучувањето на 37-годишниот судија Стојанче Трпчевски од ОФС Кавадарци, кој од следната година ќе го носи престижниот ФИФА амблем.

Трпчевски со своите континуирани настапи во Првата македонска фудбалска лига, исто и во Втората македонска лига, неговиот професионален пристап, дисциплината и доследноста во судењето, го заслужува местото меѓу најдобрите меѓународните судии. Неговото промовирање на ФИФА-листата е резултат на долгорочна посветеност и работа, физичката спремност и добро одсудените натпревари во македонските лиги со тоа што успешно ги извршува своите задачи на теренот ја добива довербата за престижниот амблем на ФИФА.

Со ова признание, Стојанче Трпчевски се приклучува на друштвото меѓународни судии кои ќе ја претставуваат нашата држава и Фудбалската федерација на Македонија која верува дека ќе не претставува во најдобро светло на меѓународна сцена.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!