Ракомет

Охрид рутински го совлада Радовиш и се загреа за европската сцена

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид ја оправдаа фаворитската улога и на домашен терен славеа убедлива победа против Радовиш (35-17) во рамки на 7. коло од ракометната Суперлига на Македонија.

Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар од почеток до крај па тоа за „гладијаторите“ беше само загревање за претстојните дуели во ЕХФ Европскиот Куп, кои ги очекуваат веќе овој викенд против азербејџанскиот Баки.

Радовиш успеа да ја одржи резултатската рамнотежа само во првите петнаесет минути (8-7), по што охриѓани заиграа посериозно и со серија погодоци предводени од Лиапис, Петриќ и Савревски, заминаа на предност од 14-8, а на паузата водеа со 16-11.

ФОТО: Спортска Мрежа

Вториот дел донесе целосна доминација на „гладијаторите“, кои отворија со серии од 7-0 и 8-0, поведувајќи со 24-11. До крајот, домашниот состав рутински го контролираше резултатот, додека демотивираниот гостин од Радовиш постигна само шест погодоци во вторите 30 минути.

Најефикасни кај победникот беа Дарко Ѓукиќ и Стефан Петриќ со по шест гола, додека Давид Савревски постигна пет. Голманот Даниел Ѓорѓески имаше осум одбрани и беше сигурна поддршка зад дефанзивата. Кај Радовиш, Бобан Каковски беше најпрецизен со шест погодоци, но неговиот учинок не беше доволен да се избегне висок пораз, а натпреварот го заврши со црвен картон поради приговор.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со оваа победа, Охрид останува во самиот врв на табелата и во одлично расположение го очекува европскиот предизвик.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!