Останато

Радовишанецот Спаско Силјаноски меѓу најдобрите на Виз Ер Скопскиот маратон 2025 – нов личен рекорд и голема инспирација за младите

Сподели
ФОТО: Виз Ер Скопски маратон
Сподели

Радовиш гордо може да се пофали со свој претставник меѓу најдобрите на годинешниот Wizz Air Skopje Marathon 2025. Спаско Силјаноски постигна забележителен успех, завршувајќи на 46-то место во машка конкуренција во најтешката дисциплина – маратонот од 42,2 километри, со време од 3 часа, 17 минути и 29 секунди, што воедно е и негов нов личен рекорд.

На настанот учествуваа повеќе од 14.500 тркачи од над 50 држави, а само 480 се натпреваруваа во маратонот – категоријата која бара најголема издржливост, фокус и ментална сила.

По трката, Сиљаноски со голема скромност за Спортска Мрежа вели дека е презадоволен од настапот и дека е повеќе од колку што очекувал.

„Презадоволен сум, повеќе од колку што очекував. Се погодија условите и дадов максимум. Следен маратон ми е на Кипар, во Ларнака на 16 ноември. Само здравје до тогаш, да се опоравам од оваа трка и се враќам со тренинзи и подготовка.“

ФОТО: Виз Ер Скопски маратон

Спаско веќе три години активно се занимава со трчање на долги патеки, а последните две ги посветил на професионален пристап со плански тренинзи, програма и поддршка од тренер и тим соработници.


„Трчањето ми е повеќе од спорт – тоа е задоволство, начин на живот. Секојдневното трчање ми носи мир, дисциплина и континуитет во формата. Освен резултатите, ваквите настани се полни со позитивна енергија, дружење и создавање пријателства. Сакам со мојот успех да ги мотивирам младите во Радовиш, да бидат горди и да се охрабрат да трчаат и тие,“ додава Силјаноски.

ФОТО: Виз Ер Скопски маратон

Со својот настап во Скопје, Спаско Силјаноски не само што ја претстави радовишката спортска упорност и дух, туку покажа дека со труд, посветеност и љубов кон спортот – секој може да стигне до личен рекорд и инспирација за заедницата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!