Ракомет

Дерби со драма во последните секунди: Пролет извлече бод против Бутел

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во возбудливо градско дерби од шестото коло во македонската Суперлига, екипите на Бутел и Пролет 62 одиграа драматично реми — 22-22, во меч што се решаваше буквално во последните секунди.

Бутел беше на чекор до победа, водејќи со два гола разлика (22-20) во последната минута, но Пролет не се предаде. Гостите прво намалија, а потоа по една изгубена топка и брз контранапад, Андреј Стојановски од крилната позиција погоди за израмнување — само неколку секунди пред крајот.

Бутел имаше можност за последен напад по тајм-аут, но избрза, па топката заврши во рацете на голманот Солев, што му овозможи на Пролет да ја заврши драмата со вреден бод.

Првиот дел донесе израмнета игра и минимална предност на домаќините (12-11). Во вториот дел, натпреварот се претвори во вистинска борба „гол за гол“, каде што ниту еден тим не успеа да се одлепи. На две минути до крај Бутел водеше со 21-19, но гостите од Кисела Вода повторно покажаа карактер и со храбра завршница се изборија за реми.

Најефикасен во редовите на Бутел беше Филип Николов со седум голови, додека кај Пролет се истакна Андреј Стојановски со четири погодоци, меѓу кои и клучниот за бод.


Во следното коло, Бутел Скопје ќе гостува кај Алкалоид, додека Пролет 62 ќе има тешка задача на домашен терен против Еурофарм Пелистер 2.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!