Втора лигаФудбал

ФОТО: Прва радост за Големо Коњари, Скопје го „прегази“ Вардар Неготино, Новаци и Осогово до три бода!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Преспа - Новаци
Сподели

Денес беа одиграни седум од осумте натпревари од седмото коло во Втората македонска фудбалска лига. Единствената средба без голови се одигра на стадионот „Билјанини Извори“, каде во дербито на колото Охрид и Брегалница Штип ремизираа 0-0 и ги поделија бодовите.

Осогово дојде до минимален, но вреден триумф од 0-1 на гостувањето кај Слога Виница, со голот на Драган Паунов во второто полувреме, кој влезе од клупата и донесе три бода за кочанчани. Големо Коњари ја запиша својата прва сезонска победа, совладувајќи го тимот на Кожуф од Гевгелија со минимални 1-0, благодарние на автоголот на Дарко Стојанов.

Во Каменица, домаќинот Саса пропушти предност од два гола и на крај мораше да се задоволи со реми 3-3 против Тетекс, во возбудлив меч исполнет со пресврти. Бојан Иванов во 16. минута погоди за водство на „рударите“, а пак Тони Мичковски во 75. минута зголеми на 2:0. Сепак, во 82. минута Азис Јамини намали на 2:1 и ја врати неизвеноста.

ФОТО: Спортска Мрежа | Слога Виница – Осогово

Во 87. минута Мичковски со втор гол зголеми на 3:1, но потоа следуваше „ладен туш“ за домаќинот откако Меритон Салији во 89. минута намали на 3:2, а во 94. минута новото засилување Петар Обадиќ погоди за конечни 3:3 и голем бод за „штофарите“ од Тетово.

Детонит Плачковица пак, на свој терен славеше со 3-1 против Победа од Прилеп, благодарение на двата гола на Сашко Дуков и еден на Александар Смилков. За прилепчани погоди Филип Димоски.

ФОТО: Спортска Мрежа | Преспа – Новаци

Во Ресен, Новаци одиграа убедливо и со 0-3 ја совладаа Преспа, освојувајќи значајни бодови за зацврстување во средината од табелата. Андреј Сиљаноски по пет минути обезбеди предност за Новаци. Во 90. минута гостинот доби пенал, Стефан Јовановски биеше, но голманот на домашниот тим Христијан Сркески го одбрани ударот, а одбиената топка Јовановски ја смести во мрежата за 2:0, а веќе во 93. минута Мартин Андоновски ги постави конечните 3:0.

Скопје на домашен терен со убедливи 4-1 го декласираше Вардар Неготино, триумф до кој „пиратите“ стигнаа без многу мака. Најдобриот стрелец Виктор Ангелов погоди во 7. минута за водство на Скопје, а Мердиан Рамадани постигна гол за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Скопје преку Горјан Цветков и Армир Иса дојде до 4:0, а конечниот резултат за ублажување на поразот од 4:1 го постави Ристе Лембовски.

Колото ќе се заокружи утревечер со дербито под рефлектори помеѓу Беласица и Шкендија Арачиново – дуел кој може да донесе промена на врвот на табелата. Победа на струмичани ќе ги искачи на лидерската позиција, додека во секој друг исход Брегалница ќе остане на врвот со ист број бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!