ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Одлично судење на македонска судиска четворка на чело со Стојчевски во Полска!

Сподели
ФОТО: Jagiellonia Białystok | Mariusz Piotrowski
Сподели

Македонските арбитри уште еднаш добија висока оценка на европската сцена. Судиската четворка предводена од Игор Стојчевски беше делегирана да ја дели правдата на натпреварот од 1. коло од Конференциската лига на УЕФА меѓу Јагиелонија Бјалисток (Полска) и Хамрун Спартанс (Малта).

Стојчевски ја имаше улогата на главен судија, а му помагаа Гоце Петрески и Дарко Видиниќ, додека Фатмир Бафто беше назначен како четврти судија.

Натпреварот, кој се одигра пред околу 18.000 гледачи, беше тежок и динамичен, но македонските арбитри одлично се снајдоа во секој момент на чело со главниот судија Игор Стојчевски. Одличното судење остави добар впечаток кај еден од врвни судии на своето време Џунејт Чакар, а сега еден од најдобрите контролори.

Европската фудбалска вечер во Полска помина со врвно судење и професионален пристап на македонската судиска четворка, која со ова уште еднаш го потврди високото ниво на доверба што ужива од страна на УЕФА.

ФОТО: Jagiellonia Białystok
ФОТО: Jagiellonia Białystok

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски делегат на супер дербито од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити

Фудбалерите на  Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој...

Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа го имаме конечниот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

Втора лигаФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Среќни сме што сме на првата позиција, но ќе останеме присебни“ – Кочоски за Спортска Мрежа

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!