Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно прво полувреме до нова победа против Тиквеш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид ја потврдија добрата форма во Суперлигата, совладувајќи го составот на Тиквеш со 24-19 во натпревар од петтото коло. Со овој триумф охриѓани стигнаа до третата сезонска победа и остануваат во горниот дел на табелата.

„Гладијаторите“ уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо и за десетина минути имаа убедливо водство од 7-1. Играта во првиот дел беше речиси безгрешна, па на пауза заминаа со двоцифрена предност (15-5).

Тиквеш во вториот дел заигра многу подобро и успеа да ја намали негативата, во еден момент дури и на четири гола, но немаа сили за целосен камбек.

ФОТО: Спортска Мрежа

Најдобри стрелци во победничкиот табор беа Лиапис со пет и Цирар со четири погодоци, додека голманите Чаневски и Блажески заедно собраа осум одбрани. Кај гостите од Кавадарци најдобар беше голманот Печурица со 13 интервенции, а Коцев постигна пет голови.

ФОТО: Спортска Мрежа

Охрид со оваа победа добива дополнителна самодоверба пред дербито во Битола против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, додека Тиквеш во следното коло ќе гостува кај вториот тим на битолчани.

ФОТО: Спортска Мрежа


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!