Ракомет

Еурофарм Пелистер доминираше – Струга немоќна во второто полувреме

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Еурофарм Пелистер ја запиша третата победа во новата сезона од Суперлигата, совладувајќи ја Струга со убедливи 45-24 во Битола. Иако стартот на натпреварот донесе интересна борба и израмнет резултат, шампионот веќе кон крајот на првиот дел успеа да воспостави контрола и на полувреме замина со предност од 20-16.

Продолжението во целост им припадна на битолчани. Со цврста одбрана и брзи контри тие целосно го скршија отпорот на гостите, кои во вториот дел постигнаа само осум погодоци. Домашниот тим пак постојано ја зголемуваше разликата, за на крајот да слави со плус 21.

Најдобри стрелци за Пелистер беа Рудолф Хакберт и Петар Атанасијевиќ со по осум голови, додека кај Струга се истакна Наум Костов со седум. Оваа победа е вистинска увертира за дербито на „зелените“ со Вардар.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!