РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У18 ќе одигра два контролни натпревари во Словачка

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години, предводена од селекторот Димитар Капинковски, од 30 септември до 2 октомври ќе гостува во Словачка, каде што ќе одигра два контролни натпревари.

Иако овие средби не се во официјален термин на УЕФА, Капинковски реши да ги искористи како дополнителна подготовка и проверка на формата на младите фудбалери.

За настапите во Словачка селекторот нема на располагање дел од интернационалците, па составот главно е формиран од играчи кои настапуваат во македонските клубови.

На списокот за овие два тест-дуели се повикани 19 фудбалери:

  • Мартин Ѓоргиев, Габриел Талески, Иван Танчев, Александар Трајков, Матеј Сејменов, Андреј Димовски, Бојан Велков (Брера)

  • Иво Марковски, Стефан Стаматовски (Вардар)

  • Дарко Јовчев (Македонија ЃП)

  • Фљори Иљази (Шкендија)

  • Стефан Секирски (Беласица)

  • Албан Рочи (Струга ТЛ)

  • Флорен Османи (Арсими)

  • Мухамед Мустафи (Сент Гален, Швајцарија)

  • Славчо Мисајловски (Тетекс)

  • Дамјан Буцевски (ИМТ, Србија)

  • Ридван Мемедовски (Скопје)

  • Христијан Марковски (Работнички).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2. коло на Втората македонска фудбалска лига, кои ќе се одиграат в...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов го пропушта репрезентативниот циклус поради административен проблем во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за...

Останати репрезентацииРепрезентација

Митевска и Алексовски со убедливи победи до третото коло на ЕП до 16 години!

Сара Митевска и Марко Алексовски забележаа убедливи победи и обезбедија пласман во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!