Трета лигаФудбал

Ултрас со девет гола го декласираше Влазними Јуниор, победа за Превалец, Големо Коњари слави во дербито со Росоман

Сподели
Сподели

Шесттата рунда од Трета лига – Југ донесе интересни средби, Превалец на домашен терен ги одмери силите со Венец од Долни Дисан, каде домаќинот со 3:1 запиша голема победа. Домаќинот беше поконкретен во играта и реализира три шанси за убедлив триумф. Стефановски беше двоен стрелец за домаќинот, а гол даде и Крстев, за гостинот реализираше Ристовски.

Обршани на домашен терен против Слога бараше први бодови, меч кој не го дочека својот крај бидејќи во 60. минута беше прекинат при резултат од 0:1 со голот на Каришиќ. Домашниот тим натпреварот го започна со десет играчи, а во 60. минута поради повреда остана со недоволен фонд на играчи.

Дербито на колото го одигра поранешниот второлигаш Росоман против Големо Коњари, дерби каде трите бодови беа голем предизвик да се освојат на патот кон првото место и баражот за Втора лига, а триумф од 0:2 запиша гостинот со два гола во вториот дел. Сркески во 66. минута погоди за 0:1, аво 86. минута Имероски ги постави конечните 0:2. Од 79. минута домаќинот беше со играч помалку на теренот, откако Роналдо Фазлиов поради два жолти картони беше исклучен од игра.

Младост во Кривогаштани го пречека Питу Гули и запиша победа во меч со пет гол за конечни 3:2. Сите погоди паднаа во првиот дел откако Димоски и Деркоски погодија за 2:0, а потоа Алимоски намали на 2:1. Во 40. минута Китаноски постигна гол за 3:1, а пред крајот на првиот дел Алимоски со втор гол ги постави конечните 3:2.

Бучин на свој терен се соочи со новиот третолигаш Дреново каде ремизираше со четири гола за 2:2. За домашниот тим Евтимџиоски и Мицески беа стрелци, за Дреново двоен стрелец беше Мемедов.

Ултрас на теренот со вештачка трева во Прилеп го „столчи“ Вланими Јуниор со 9:2. Тасески  постигна хет-трик, Јакопетревски и Свртиновски беа двојни стрелци, Тошески и Стојчески беа стрелци на по еден гол, а за гостинот погодија Фејзулаи и Велиоски.

Во рамки на 6. коло слободна беше екипата на Башкими 2008.

  • ТАБЕЛА ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ 6. КОЛО:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!