Прва лигаФудбал

Ивановски: Неочекувано западнавме во кризен период на игра и резултати и потребна ни е сплотеност

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Пелистер нанижа четири порази во низа и влезе во резултатска криза, после Шкупи кои има седум порази во низа, прволигашот од Битола е вториот тим со долга низа на порази. Пелистер вчера загуби од Башкими со 1:2 на домашен терен во меч од 7. коло на ПМФЛ.

Капитенот на битолчани, Мирко Ивановски вели дека неочекувано западнале во кризен период на игра и резултати, додава дека е потребна сплотеност и заедништво со цел да излезат од кризата.

„Како капитен сочувствувам со нашите навивачите во овој тежок момент за нашиот клуб и чувствувам потреба да им се обратам. Неочекувано западнавме во кризен период на игра и резултати и потребна ни е сплотеност и заедништво да излеземе од кризата. Се соочуваме со проблеми од разен тип, меѓу нив и повреди, но ако сме сите заедно верувам дека ќе излеземе од негативниот момент. Очекувам поддршка за оваа млада екипа, затоа што сезоната е долга, а во неа имаме многу цели за исполнување. Сакам да им го честитам почетокот на прославата на 40-годишнината на навивачката група „Чкембари“ и ветувам подобри денови. Овој роденден се поклопува со 80-от роденден на нашиот клуб и убеден сум дека заедно ќе славиме сезонава“, вели капитенот Ивановски.

Во следното коло Пелистер ќе има тешко гостување кај перфектната Струга.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!