Останато

Младиот талент Марко Алексовски блесна со две титули на турнир во Албанија

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски имаше извонреден настап на меѓународниот турнир „Shkodra Open“ што изминатата недела се одржа во албанскиот град Скадар. Тој успеа да запише двоен триумф, освојувајќи ја титулата и во сингл и во конкуренцијата на двојки.

Во поединечна конкуренција Алексовски одигра сигурен турнир, а во финалето беше убедлив против домашниот претставник Денис Габа, кого го совлада со 2-0 во сетови (6:2, 6:0), при што загуби само два гема. Најголем предизвик за Марко беше полуфиналниот меч против Иван Пјачура, кој заврши со тесна победа од 2-0 (7:5, 7:6). Во претходните рунди, како прв носител беше слободен во првото коло, а потоа ги совлада Џанмарко Мендола од Италија (6:2, 6:2) и Василеиос Ликуресис од Грција (6:3, 6:1).

Во конкуренција на двојки, Алексовски настапи токму со Пјачура како партнер. Двајцата заедно одиграа одличен турнир, а во финалето успеаја да ги совладаат грчките тенисери Василеиос Ликуресис и Танос Херопулос со 2-0 во сетови (6:1, 7:6).

Со овие успеси, Алексовски уште еднаш потврди дека е еден од најперспективните млади македонски тенисери кој чекор по чекор го гради својот меѓународен пат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
Останато

Фит Фан Волеј ќе игра во Првата лига и следната сезона

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и следната сезона ќе бидат дел од...

Останато

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација успеа да стигне до три четвртфинални борби за медал на Европското првенство на Крит, Грција

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација имаше забележителен настап на Европското Таеквон-до ИТФ првенство...

Останато

17-годишниот Валентино Јовановски со подвиг во Штип: истрча 5 км со панцир

Младиот спортист од Кратово, Валентино Јовановски, на само 17 години направи вистински...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!