Беласица ја запиша втората гостинска победа, совладувајќи ја Слога Виница со 1:2 на гостински терен. Стрелци за струмичани беа Спиркоски и Капсаров во првото полувреме, додека Спасов го намали резултатот за домаќините во вториот дел.
По натпреварот, тренерот на Беласица, Александар Стојанов, истакна дека е задоволен од освоените бодови, но смета дека неговиот тим има уште многу простор за напредок.
„Како најпрво честитки за сите актери денес а најголемите честитки одат кон моите играчи, пред се типичен првенствен натпревар на кој можеби не почнавме баш најдобро, некаде 10тина минути игравме во некој грч и противникот беше тој кој прв се закани, но после тоа бевме ние тие кои доминираа и како резултат на доминацијата до полувремето постигнавме и два гола. Во првите минути од второ полувреме исто така имавме мала опуштеност каде и примивме гол но сепак играчите и покрај примениот гол се соземаа и до крајот бевме тимот кој доминираше и створивме три 100% шанси кои не ги реализиравме“, изјави Стојанов за Спортска Мрежа.
Во продолжение Беласица прими гол поради мала опуштеност, но Стојанов вели дека тимот останал присебен и создал уште три стопроцентни шанси.
„Секако дека сум задоволен кога се победува и најважно од се се бодовите, но ќе кажам дека јас сум тренер кој секогаш цели на повеќе, затоа мислам дека секогаш можеме повеќе и не смее да има опуштање во ниту еден момент од играта. Секако дека има подобрување во одредени сегменти во играта во споредба на натпреварот со Детонит но оваа екипа уште има простор за напредок, продолжуваме понатаму да работиме напорно и посветено и се насочуваме кон следните предизвици“, дополнува Стојанов.
Тој додаде дека е видливо подобрување во однос на претходниот меч со Детонит, но потенцира дека оваа екипа има уште голем простор за напредок. „Продолжуваме да работиме напорно и посветено и се насочуваме кон следните предизвици“, заврши Стојанов.