Втора лигаФудбал

Варадиновски: „Голем бод за нас на тешко гостување во Охрид“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање на фотографијата!
Сподели

Во дербито на 5. коло од Втората македонска фудбалска лига, кое се одигра на стадионот „Билјанини Извори“, екипите на Охрид и Кожуф ремизираа без голови (0-0). Натпреварот понуди голема борба и динамика, а на крајот поделбата на бодовите најмногу ѝ одговараше на гевгелиската екипа.

Тренерот на Кожуф, Иван Варадиновски, истакна дека е задоволен од исходот.

„Нормално е дека на вакво гостување против еден од претендентите за Прва лига мораме да бидеме задоволни со овој освоен бод. Ќе бидам искрен, Охрид имаше повеќе од натпреварот и повеќе изгледни шанси, но нашиот голман беше на висината на задачата. Имавме и ние свои моменти кои можевме да ги искористиме, но на крај честитки до моите играчи – за нас ова е доста голем бод,“ изјави Варадиновски за „Спортска Мрежа“.

Со ова реми, Кожуф покажа дека знае да биде конкурентен и на најтешките гостувања, а бодот од Охрид може да биде важен во понатамошниот тек на шампионатот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!