Ракомет

Вардар по голема драма го доби дербито со Охрид

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во СЦ „Борис Трајковски“ се одигра едно од највозбудливите дерби средби во ракометната Суперлига, каде Вардар 1961 со многу мака успеа да го совлада ГРК Охрид со 33-31.

Натпреварот започна изедначено, со серија на брзи голови на двете страни. Вардар во еден момент поведе со четири разлика, но охриѓани не се предадоа и со цврста игра во одбраната и прецизни изведби од линијата на седум метри успеаја да ја намалат негативата. На паузата „црвено-црните“ имаа предност од 17-15.

Вториот дел донесе уште поголема драма.

Скопјани константно одржуваа водство, но „гладијаторите“ од Охрид во последните минути се доближија на само еден гол негатива.

Сепак, искуството на домаќините пресуди – Урош Митровиќ и Вуко Борозан погодија во клучни моменти, а Васил Гогов со неколку одбрани им овозможи на Вардарци да стигнат до третата победа сезонава. Митровиќ заврши со 8 гола, а кај гостите најпрецизен беше Дарко Ѓукиќ, исто така со 8 погодоци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!