Трета лигаФудбал

Јанчева ќе им суди на Хоризонт Турново и Малеш, Филипов главен во Зрновци, Јовановски оди во Свети Николе

Сподели
Сподели

В недела се играат натпреварите од третата рунда на Трета лига – Исток. Познати се арбитрите кои ќе делат правда на петте натпревари, а во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипата на Ударник од Пирава.

Натпреварот на стадионот „Кукуш“ каде ќе се соочат Хоризонт Турново и Малеш правдата ќе ја дели Виолета Јанчева од Гевгелија, а помошници ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, исто така од Гевгелија.

Делегат на натпреварот ќе биде Дејан Костадинов од Гевгелија, а пак Крсто Пандев од Струмица ќе биде контролор.

Во Зрновци главен судија ќе биде Игор Филипов од Штип, а тој ќе ја дели правдата на мечот меѓу Светлост и Победа од Валандово. Помошници ќе бидат Петар Михаилов од Кочани и Николче Симонов од Свети Николе.

Делегат на натпреварот ќе биде Кристијан Димитријев од Кочани, а пак Јордан Гицов од Кочани ќе биде контролор.

Во Свети Николе екипата на Овче Поле ќе се соочи со Брегалница од Делчево во дерби на колото каде Јордан Јовановски од Гевгелија ќе им ја дели правдата, а ќе му помагаат Илија Атанасов и Андон Михајлов од Гевгелија.

Делегат на средбата ќе биде Ристо Крстев од Гевгелија, а контролор Златко Зафиров од Валандово.

Рудар на домашен терен ќе се соочи со Карбинци, а Тоше Џамов од Кочани ќе биде задолжен да ја дели правдата, со помошниците Кирил Јованов и Игорче Богатинов од Кочани.

Дончо Кимов од Пробиштип ќе биде делегат, а пак контролор ќе биде Драган Јаневски од Кочани.

Во Дојран екипата на Дојранско Езеро ќе се соочи со Тиверија, а правдата ќе ја дели Здравко Костовски од Штип, а ќе му помагаат Ристе Бојчев и Цане Давитков од Штип.

Делегат ќе биде Драги Јанушев од Струмица, а контролор Кирчо Ѓоргиев од Штип.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!