Втора женска фудбалска лигаФудбал

Климент Ристоски го доби дербито меѓу Билјанини Извори и Конзули, Јована Максимовска ќе суди во Велес

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

В недела на програмата ќе бидат трите натпревари од Втората женска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата.

На мечот во Велес меѓу Борец и Слободен правдата ќе ја дели Јована Максимовска, а нејзини асистенти ќе бидат Тамара Астарџиева и Теодора Крстевска сите од Скопје.

Контролор на овој натпревар ќе биде Билјана Миланова од Свети Николе.

Во Радовиш ќе се соочат Плачковица и Порече од Македонска Брод, а Александра Спасова од село Мустафино, Свети Николе ќе ја дели правдата. Помошници ќе бидат Снежана Илиевска од Македонска Каменица и Татјана Ивановска од Куманово.

Контролор на натпреварот ќе биде Томислав Тимовски од Струмица.

Дербито на колото ќе се игра во Охрид каде ќе се сретнат Билјанини Извори и Конзули од Битола. Правдата ќе ја дели Климент Ристоски од Струга, а ќе му помагаат Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски од Струга.

Контролор на средбата ќе биде Ацо Мацевски од Струга.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Скопје преживеа пресврт во финишот: Паркер ја запечати втората победа

Скопје стигна до драгоцена победа над Тиквеш Голден Игл со 97:94, во воведен натпревар од осмото коло на МТЕЛ кошаркарската Суперлига. Домаќините испуштија...

Кошарка

МЗТ пред тест со разиграниот Штип, Работнички ја брани непобедливоста

Осмото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига денеска, 21 ноември, продолжува со четири натпревари што можат да ја променат сликата зад непоразениот лидер. Работнички...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Втора лига пред важна есенска разврска: Врвот под притисок, средината во три бода, опасната зона засега недостижна за бегство

Дванаесеттото коло во Втората македонска фудбалска лига може да донесе промена на...

ФудбалФутсал

Кратово се израдува на првата сезонска победа откако ја декласираше Победа, Мартин Мишевски со пет гола

Футсалците на Кратово стигнаа до својата прва сезонска победа оваа сезона откако...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека дебитантот Шутка 1 во „Јасмин“

Црна Река утре на домашен терен во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци...

Втора лигаФудбал

Величков ќе суди во Битола, Ралевски го доби дербито Охрид – Беласица: Познати судиите за 12. коло во Втора лига

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите и службени лица за седумте...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!