Прва лигаФудбал

Грујоски ќе им суди на Шкендија и Тиквеш, Стојчевски на Вардар и Работнички

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги објави имињата на официјалните лица за натпревари од 7. коло на Првата лига.

Дербито меѓу Шкупи и Македонија ЃП на стадионот во Чаир ќе го води Фуркан Идризи, кому ќе му асистираат Владимир Митревски и Јовче Кокевски. Четврти судија е Владимир Ѓорѓиевски, додека за ВАР технологијата ќе се грижат Никола Костенчев и Дарко Видиниќ, со поддршка од операторот Деан Стефков. Натпреварот е доверен на делегатот Славе Ѓоргоски и контролорот Горан Спиркоски.

Во Тетово, каде Шкендија го пречекува Тиквеш, главната свирка ќе ја има Александар Грујоски. На аут-линиите ќе бидат Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски, додека четврти судија е Александар Урошевиќ. ВАР екипата ќе ја сочинуваат Фатмир Бафто и Мишо Ѓорѓиески, а за повторувањата ќе се грижи Матеј Димитриевски. Делегат на натпреварот е Жанко Савов, со контролор Јосип Бартон.

Големиот дуел меѓу Вардар и Работнички на арената „Тодор Проески“ ќе го суди Игор Стојчевски. Негови асистенти се Гоце Петрески и Мартин Петковски, а четврти судија Крумислав Ѓоргиев. ВАР собата ќе ја предводат Доне Ристовски и Тоше Ицев, а оператор е Диме Димовски. Делегат е Зоран Гелов, додека контролор Никола Караколев.

Во Кратово, на мечот меѓу Силекс и Струга Трим Лум, главен судија ќе биде Бењамин Ќерими, а негови асистенти Бранко Путилин и Бојан Иваноски. Четврти судија е Александар Василевски. За ВАР ќе се грижат Пларент Салихи и Вјолца Изеири, а за видео-технологијата оператор ќе биде Виктор Васев. Делегат е Гоце Ефтимов, а контролор Дејан Јакимовски.

Во Струмица, каде се среќаваат Брера и Аресими, главната одговорност ја има Влатко Илиоски. На страничните линии ќе бидат Борис Трајков и Иле Мишески, а четврти судија Кирил Смоквоски. Зад ВАР мониторот ќе бидат Стојанче Трпчевски и Мартин Дејаноски, додека оператор е Петар Мукоски. Делегат на натпреварот е Тони Петков, а контролор Иса Емурли.

Последниот дуел во Битола, меѓу Пелистер и Башкими, ќе го води Димитар Пилешков. На аут-линиите ќе делуваат Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев, со Стојанче Стојанов како четврти судија. ВАР тимот го сочинуваат Игор Стојчевски и Фуркан Идризи, а Дејан Костовски е задолжен за повторувањата. Делегат е Емин Кранли, а контролор Марјан Кировски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!