Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вјолца Изеири ќе им суди на Скопје и Ас Јунајтед, Ангел Гелов главен во Струмица

Сподели
Сподели

В недела ќе се играат натпреварите од шестото коло на Првата женска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите за оваа рунда.

Натпреварот во Струмица меѓу Тиверија Брера и Каменица Саса ќе го суди Ангел Гелов од Кавадарци, а ќе му помагаат Давор Дишлиевски од Кавадарци и Ване Данилов од Неготино, а пак Сашо Иванов од Штип ќе биде контролор.

Игор Иванов од Велес ќе ја дели правдата на мечот меѓу Кочани и Истатов, а негови помошници ќе бидат Александар Ајдаров и Роберт Црвенов од Велес, а контролор ќе биде Делчо Јакимовски од Скопје.

Влатко Илиоски од Прилеп ќе биде задолжен за правдата на натпреварот меѓу Топ Гол и Вардар во Битола, а ќе му помагаат Ангела Домазетовска од Битола и Дино Конески од Прилеп.

Пеце Карапалевски од село Волкодери од Ресен ќе биде контролор.

На средбата меѓу Скопје и Ас Јунајтед во Пржино правда ќе дели Вјолца Изеири од Гостивар, а нејзини асистенти ќе бидат Цветанка Савеска од Јегуновце и Тамара Цветановиќ од Скопје.

Контролор ќе биде Петре Илиоски од Прилеп.

Иле Никодиноски од Скопје ќе им суди на Речица и шампионот Љуботен, Зоран Саздовски од Скопје и Филип Ицковски од Скопје ќе биде помошници.

Контролор ќе биде Бранко Величковски од Крива Паланка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Скопје преживеа пресврт во финишот: Паркер ја запечати втората победа

Скопје стигна до драгоцена победа над Тиквеш Голден Игл со 97:94, во воведен натпревар од осмото коло на МТЕЛ кошаркарската Суперлига. Домаќините испуштија...

Кошарка

МЗТ пред тест со разиграниот Штип, Работнички ја брани непобедливоста

Осмото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига денеска, 21 ноември, продолжува со четири натпревари што можат да ја променат сликата зад непоразениот лидер. Работнички...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кратово се израдува на првата сезонска победа откако ја декласираше Победа, Мартин Мишевски со пет гола

Футсалците на Кратово стигнаа до својата прва сезонска победа оваа сезона откако...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека дебитантот Шутка 1 во „Јасмин“

Црна Река утре на домашен терен во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци...

Втора лигаФудбал

Величков ќе суди во Битола, Ралевски го доби дербито Охрид – Беласица: Познати судиите за 12. коло во Втора лига

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите и службени лица за седумте...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!