Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен пресилен за Скопје, Љубица Асановиќ носи прва радост за Вардар – триумф над Кочани!

Сподели
Сподели

Комплетирано 5. коло во Првата женска фудбалска лига со два натпревари. Дебитантот Вардар се израдува на првиот триумф како прволигаш, Вардар испиша историја откако ги освои првите бодови, ја забележа првата победа и го напушти дното.

Вардар вечерва ја слави Љубица Асановиќ која е стрелец на единствениот погодок кој го реши натпревар на „Цементарница 55“.

Погодокот беше постигнат уште во деветтата минута од натпреварот, а до крајот немаше погодоци, па така Вардар со минимални 1:0 го доби Кочани и ја прослави првата победа како прволигаш.

Шампионот Љуботен со убедливи 4:1 го доби Скопје, па наместо дерби на двата досега непоразени тима, видовме тотална доминација на тетовскиот клуб кој веќе сигурно оди кон одбраната на титулата.

Александра Марковска во 8. минута го отвори резултатот со гол од пенал, а пак во 13. минута Рабија Дервиши постигна гол за 1:1.

Сепак во 34. минута од средбата која се играше во Тетово, интернационалката од Нигерија, Мариан Огочукву Охадиве постигна погодок за 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Скопје се обидуваше да креира шанси за да дојде до израмнувачки погодок, но во 64. минута искусната голгетерка Хава Мустафа постигна гол за 3:1 со што веќе Љуботен влезе во мирна завршница од мечот, а Мустафа со втор гол во 93. минута ги постави конечните 4:1.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН ➖ 5 5 0 0 25 1 +24 15
2 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК ➖ 5 4 1 0 20 2 +18 13
3 ЖФК СКОПЈЕ 2014 ➖ 5 4 0 1 14 5 +9 12
4 ЖФК КАМЕНИЦА САСА ➖ 5 3 0 2 13 5 +8 9
5 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД ➖ 5 3 0 2 10 7 +3 9
6 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје ➖ 5 2 0 3 14 11 +3 6
7 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК ➖ 5 1 0 4 6 10 -4 3
8 ЖФК РЕЧИЦА ➖ 5 1 0 4 8 18 -10 3
9 ЖФК Вардар 2023 ➖ 5 1 0 4 1 35 -34 3
10 ЖФК КОЧАНИ ➖ 5 0 1 4 3 20 -17 1

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Димовски пред европскиот двомеч: „Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!“

Ракометарите на Тиквеш се подготвуваат за европскиот предизвик против Handball Esch од Луксембург во рамки на првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани...

Ракомет

Симиќ пред европскиот двомеч: „Во Кавадарци, во нашата сала и пред ‘Лозари’, ние се прашуваме за сè!“

Ракометарите на Тиквеш го продолжуваат европскиот пат со двомеч против Handball Esch од Луксембург во првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!