Ракомет

Кузманоски: После елиминацијата од Европскиот Куп мораше да се вратиме во победнички ритам

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Бутел вечерва запиша триумф на гостински терен против Радовиш со резултат 24:31 и така стигна до првата сезонска победа во новото првенство на ракометната Суперлига.

По елиминацијата од Европскиот куп, „бутелци“ целосно го пренасочија фокусот кон домашниот шампионат. Тренерот Горан Кузманоски во изјава за Спортска Мрежа истакна дека тимот по несреќното испаѓање имал јасна цел – враќање во победнички ритам.

„Овој натпревар дојде одма после натпреварот со Дуделанж од Европскиот куп. После несреќното испаѓање, се договоривме дека мора да се вратиме со добра игра и така да се вратиме во победнички ритам. Во првото полувреме иако дефанзивно игравме добро уште од самиот почеток, Радовиш имаше добар пристап од првата минута. Бевме свесни дека нема да биде лесно и бевме максимално концентрирани за да можеме да дојдеме до победа. Задоволен сум од пристапот, така што мораме да одиме против секоја екипа со ваков пристап. Најбитно од сѐ е да останеме во ритам и спремни против секого, само така ќе можеме да одиграме победнички“, рече тренерот на Бутел, Горан Кузманоски за Спортска Мрежа.

Во следното коло Бутел ќе има шанса за втор сезонски триумф, кога на домашен терен ќе го пречека Прилеп. Во првото коло „бутелци“ на свој терен беа поразени од шампионот Еурофарм Пелистер.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!