Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Осогово со жестоки реакции за судиската арбитража по поразот од Скопје на домашен терен

Сподели
Сподели

Натпреварот од 4. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу Осогово и Скопје, кој заврши со победа на гостите од Автокоманда со резултат 2:3, предизвика бурни реакции во Кочани.

Домаќините се чувствуваат оштетени од судиските одлуки, особено од пеналот кој беше досуден во корист на Скопје. Веднаш по средбата, од клубот јавно се огласија со остро соопштение и на своите официјални канали објавија видео снимка од спорниот момент, тврдејќи дека нивниот тим бил оштетен.

„ГФК Осогово на вчерашниот првенствен меч со ФК Скопје не беше оштетено туку силувано од главниот судија Пларент Салихи и неговите помошници Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески заедно со четвртиот судија Бардиљ Ибраими. Непостоечкиот пенал е врвот на бесрамното, непрофесионално и нечовечко однесување на судијата Салихи. Тој е срам за судиската организација и брука за ФФМ.
Вчера сите ние бевме жртви на воено злосторство, на геноцид и тоа во мирнодопски услови.
ГФК Осогово во континуитет во повеќе наврати бил мета на судиите. Досега тие ниски удари ги примавме достојно и човечки, како спортисти. Обидувајќи се од секоја ситуација да извлечеме поуки и да научиме од грешките. Да им простиме на тие што грешат на наша штета.
Салихи заедно со Јовчевски и Ѓорѓески, секако и Ибраими го погазија човечкото достоинство кај секого од нас, а бевме повеќе од 300 луѓе кои дојдоа да го бодрат ГФК Осогово до нова победа. Никогаш не се случило на оградата на нашата западна трибина да стои и бурно реагира повеќе од половина од целата публика.
На потег е контролорот Сашо Иванов! Да ја видиме неговата оцена за силувачите на ГФК Осогово.
Јавно кажуваме дека веруваме дека претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ ќе се заинтересира да ја види снимката од мечот, да се увери сам во „делата“ на судиите. Истото да го направи и Јосип Бартон, да види како делат неправда неговите сограѓани (сите 4 судии се од Тетово).
Вчера беше одвратно да се биде на градскиот стадион „Никола Мантов“ да се гледа понижувањето што ни го приредија „режисерот“ Салихи и неговите помошници заедно со четвртиот судија.
Победата на ГФК Осогово требаше да ја посветиме на нашите ангели, на денот на шестмесечниот помен за вечна памет на нивните души. А меѓу нив и нашите верни навивачи Томас Златков ( кој вчера ќе прославеше 22 роденден) и Аце Стојанов.
Јавно кажуваме и дека Салихи, Јовчевски, Ѓорѓески и Ибраими не се пожелни веќе во Кочани ниту на стадионот „Никола Мантов“, се вели во соопштението на ГФК Осогово.

Незадоволството на Осогово е големо, а во изјавата упатена до јавноста тие истакнаа дека судењето било неприфатливо и дека очекуваат реакција од надлежните органи во ФФМ.

Со овој пораз Осогово остана со четири бода по четири одиграни рунди, додека Скопје стигна до седум бода и моментално се наоѓа на шестата позиција на табелата.

Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен во полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во координација...

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што...

Поврзани написи
Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен...

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново...

Трета лигаФудбал

Стојановски: Сигурно одиме кон бараж – Еуромилк ГЛ заслужува Втора лига

Некогашниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче го трасира патот кон враќање во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!