Прва лигаФудбал

Брера и Шкупи во битка за првиот првенствен триумф

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

АП Брера и Шкупи денеска во Струмица ќе се сретнат во рамките на петтото коло од Првата лига, во дуел кој може да биде пресвртница за двете екипи. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Младост“ со почеток од 15:30 часот.

Струмичкиот тим по четири одиграни натпревари има два бода и сѐ уште чека на првата победа во сезоната. Дополнителен предизвик е тоа што од минатата недела тимот остана без тренерот Панче Стојанов, кој поднесе оставка, како и без младинскиот репрезентативец Мартин Ѓорѓиевски кој направи трансфер во чешкиот Збројовка Брно. Сепак, од Брера порачаа дека нема откажување и дека целта е јасна:

„Нема предавање, напротив, одиме на победа против Шкупи“, истакнуваат од клубот.

Од друга страна, Шкупи се обиде да ја крене самодовербата со победата над Кожуф во Купот на Македонија, а сега ќе се обиде тоа да го пренесе и во првенството, каде што по четири кола остана без освоен бод. Еден од носителите на играта, Џихан Адили, нагласува дека тимот е целосно фокусиран на предизвикот:

„Среќен сум што постигнав гол на Куп натпреварот, но за мене најважно е настапот на тимот. Очекуваме тежок натпревар против Брера и знаеме дека мора да го дадеме својот максимум за да оствариме позитивен резултат,“ изјави Адили.

Со оглед на тоа дека обата тима се без победа во досегашниот тек на шампионатот, дуелот во Струмица носи дополнителна тежина и може да биде моментот на пресврт за победникот.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Нов пораз за штипјани: Овче Поле го совлада Текстилец УГД во „Тошо Арсов“

Текстилец УГД по одличното отварање на сезоната со четири победи во низа, сега се соочува со резултатска криза откако тимот од Штип претрпе...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ, одигран во Гостивар, беше одлично суден, со правилни одлуки во сите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум убедлива против Скопје, Шкендија и Вардар ремизираа во дербито во Гостивар

Струга Трим Лум забележа убедлива победа од 4-0 над Скопје во првиот...

Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!