Кошарка

Пинар Каршијака го освои меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија, Работнички подобар од Кожув

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Турската екипа Пинар Каршијака е победник на меморијалниот турнир „Боби Петковски“ кој викендов се одржа во Гевгелија. Составот од Измир во финалето беше поуспешен од косовскиот прволигаш Бора и заслужено го подигна победничкиот пехар.

Каршијака уште од самиот старт ја наметна својата игра. Првиот период го доби со убедливи 20:10, а на полувремето ја зголеми предноста на 35:22. Бора возврати во третата четвртина и ја намали разликата на само шест поени (55:49), но турскиот тим во последниот период повторно ја воспостави контролата и стигна до трофејот.

Кај косовскиот тим најистакнат беше поранешниот македонски младински репрезентативец Резарт Мемед со 14 поени, додека Адем Мекиќ не настапи. Кај Каршијака, поради повреда здобиена во полуфиналето со Работнички, го немаше Михаил Наумоски.

Во „малото финале“, скопскиот Работнички ја совлада домашната екипа на Кожув, благодарение на одличната трета четвртина која ја доби со 29:14. Со тоа минималниот минус на полувреме (37:38) беше претворен во убедлива победа.


Кај „црвено-белите“ блескаше Џејкоб Хатсон со дабл-дабл учинок од 20 поени и 10 скока. Брет Томпсон додаде 18, Џордан Онил 16, а Дамјан Робев заврши со 11 поени. Кај гевгелискиот состав најефикасен беше Первис со 17 поени, Хигс постигна 16, а Вучковиќ реализираше 11.

Со тоа заврши уште едно издание на меморијалниот турнир во чест на Боби Петковски, кој годинава собра квалитетни екипи и понуди возбудлива кошарка пред публиката во Гевгелија.


Сподели
Поврзани написи
Кошарка

Одредени се термините за одигрување на финалната фаза од „МТЕЛ“ Супер лигата

Со цел обезбедување на регуларност на натпреварувањето, еднаквост на условите за сите...

Кошарка

Кошаркарскиот караван ќе гостува во Охрид

Овој викенд, салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде домаќин на уште...

Кошарка

Генералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик

Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре...

Кошарка

Шампионот во М20 кошаркарската лигата ќе биде промовиран во Гевгелија

Кошаркарскиот клуб „Кожув“од Гевгелија ќе биде организатор на завршниот турнир во М20...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!