Ракомет

Еурофарм Пелистер ја доби драмата со Загреб – во Битола се слави победата во ЛШ

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со триумф го отвори настапот во новата сезона од Лигата на шампионите. Во салата „Боро Чурлевски“ пред полни трибини, битолчани славеа над хрватскиот првак ППД Загреб со 25-23 (13-12) во драматичен натпревар кој се решаваше во последните секунди.

Пелистерци влегоа силно во мечот и уште во првите минути поведоа со 4-1, а потоа и со 7-3. Гостите од Загреб се вратија благодарение на пеналите на Главаш и добрите одбрани на Грбавац, па на полувреме македонскиот тим имаше минимална предност (13-12).

На стартот од второто полувреме следуваше тежок момент за домаќините – Кузмановски доби исклучување, Манасков промаши пенал, а Загреб направи пресврт и поведе со 14-16. Сепак, битолскиот тим не се предаде. Со головите на Манасков и Кузмановски и одбраните на Хеидарирад, „зелено-белите“ се вратија во игра и повторно поведоа. Во последните пет минути се играше гол за гол, а драмата кулминираше на самиот крај – Грбавац одбрани два зицери, Загреб имаше напад за израмнување, но Хеидарирад одбрани и со гол на празна мрежа ја потврди победата.

Клучна фигура кај македонскиот шампион беше Дејан Манасков со 8 голови, следен од Филип Кузмановски со 6, додека новото засилување Хосни погоди 4 пати. Голманот Хеидарирад имаше 6 интервенции во второто полувреме, а Митревски додаде уште 3. Кај Загреб се истакна Филип Главаш со 7 погодоци, а Грбавац заврши со 9 одбрани.

Со овој триумф, Еурофарм Пелистер покажа дека е подготвен за нови предизвици во елитното натпреварување. Во следното коло, на 18 септември, битолчани гостуваат кај францускиот гигант ПСЖ, додека Загреб ќе му гостува на Висла Плоцк.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното издание на БВА Купот, натпреварување кое се одржува под капата на...

Поврзани написи
Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло...

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми...

Ракомет

Вардар фуриозно до втора регионална победа, Будванска Ривиера немоќна во Скопје!

Вардар 1961 стигна до втората победа во Регионалната ракометна лига, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!