Ракомет

Моралес: Останавме фокусирани до крај и храбро освоивме важен бод!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Иако беа блиску до победа, ракометарите на Охрид примија гол во последната секунда и ремизираа- 24-24 во Автокоманда. Охриѓани водеа во првото полувреме, но домаќините направија пресврт во второто, водеа со четири гола, додека Охрид успеа да се врати и дури имаше и водство, но не успеа да го задржи.

Новото засилување на Охриѓани, искусниот шпански дефанзивец- Ориол Реј Моралес, во кратка изјава за Спортска Мрежа, истакна дека и двата тима имале добра одбрана во првиот дел, но во второто полувреме домаќините ги казниле со брзи контра напади, но сепак смета дека бодот е многу важен за нив:

,, Денешниот натпревар беше многу тесен. Во првото полувреме, нашата, а и нивната одбрана покажа многу карактер и интензитет. Во второто полувреме, тие нѐ казнија со многу брзи напади и некои акции коишто беше тешко да се одбранат, но сепак ние останавме фокусирани до крај и храбро освоивме еден голем и многу важен бод за нас. “- изјави Моралес.

Во таборот на Охрид, Ѓукиќ беше најдобар стрелец со пет гола на натпреварот, Иванковиќ даде четири, а голманот Блажески имаше десет одбрани. Кај домаќините, Борзаш и Тордарсон беа најефикасни со шест, односно пет гола.

Во следното коло, Охрид ќе игра дома против Струга, додека момците на Лазаров, гостуваат кај Тиквеш.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Илами Исејни го објави списокот на македонската репрезентацијата до 17 години

Селекторот на националниот тим до 17 години, Илами Исејни го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за настап на контролните...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Костадинов: Мора да го дадеме максимумот на секој натпревар и мислам дека ќе се покажеме во добро светло

Македонската репрезентација го отвора циклусот во Лига Б со натпревар против Швајцарија на 26 септември во Скопје. По премиерата на домашен терен, избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло...

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми...

Ракомет

Вардар фуриозно до втора регионална победа, Будванска Ривиера немоќна во Скопје!

Вардар 1961 стигна до втората победа во Регионалната ракометна лига, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!