РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милевски: Ја остваривме целта и се вративме на врвот во групата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија со убедливи 5:0 го совлада Лихтенштајн во петтото коло од квалификациите за Светското првенство 2026 и повторно се искачи на првото место во групата Ј.

На „Тодор Проески“ избраниците на Благоја Милевски од самиот почеток наметнаа доминација и постигнаа пет гола. Тоа, секако, буди убаво чувство и кај селекторот.

„Честитки до противникот и до нашите фудбалери за сериозноста, професионалноста и посветеноста на овој меч. Не случајно доминиравме на теренот. Имаме максимален респект за секој противник, но од почеток до крај Македонија беше подобра во сите аспекти, а Лихтенштајн имаше многу малку простор за игра“, изјави Милевски на прес – конференцијата по натпреварот.

Македонија сега ќе се фокусира на следните предизвици кои следуваат во октомври.

„Следниот предизвик ни е гостувањето во Белгија. Без разлика дали се подготвуваме за Лихтенштајн или за Белгија, подготовката е иста. Главната цел ја остваривме – останавме први во групата по овој квалификациски прозорец и продолжуваме со амбициите за пласман на Светското првенство“, истакна селекторот на националниот тим.

Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1 во сетови. Митевска одлично го започна мечот и го освои првиот...

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентација до 17 години ремизираше со Црна Гора, два гола за радовишанката Глорија Тодорова

Македонската женска репрезентација до 17 години во првиот од двата контролни натпревари...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов го пропушта репрезентативниот циклус поради административен проблем во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!