Ракомет

​Матлиески: Верувам во успешна сезона на Тинекс Пролет

Сподели
ФОТО: РК Тинекс Пролет
Сподели

Екипата на Тинекс Пролет подготвена ќе го дочека стартот на новата суперлигашка сезона и саботниот дуел со Тиквеш. Тренерот Никола Матлиески е задоволен од сработеното во подготвителниот период, во исчекување на стартот на суперлигашките возбудувања.

„Зад нас е подготвителен период што добро го одработевме, одигравме пријателски натпревари што беа искореистени за темпирање на формата. Задоволен сум од залагањето на ракометарите, од нивната желба за работа и за постојан напредок, што е важен предуслов за добри резултати. Подготвени го дочекуваме стартот на сезоната и верувам во успешна сезона за Тинекс Пролет“, вели Матлиески.

Тимот претрпе одредени промени, сезонава ќе ја стартуваме без ниту еден странец во ростерот, а планот на стручниот штаб е во натпреварите да бидат вклучувани и играчи од кадетската екипа.

„Тинекс Пролет е тим што отсекогаш им давал шанса на младите македонски играчи, тоа ќе биде случај и овојпат. Како што беше случај и ланската сезона, планот е повторно одредена минутажа на нашите натпревари да добијат и играчите од кадетската екипа, кои на тој начин би почнале да собираат и искуство во сениорскиот ракомет. Тимот што го имам на располагање е склоп на искусни и на млади играчи што се надевам дека успешно ќе го искомбинирано. Она што ме радува е желбата за напредок и напорната работа, јас како тренер го забележувам индивидуалниот напредок кај сите ракометари, сега ни останува тоа да го вклопиме во еден квалитетен колектив“, истакнува стратегот на Тинекс Пролет.

Првиот меч од новата сезона избраниците на Матлиески го играат веќе денес, на домашен терен со Тиквеш, стартот е закажан за во 19 часот, а се игра во салата „Македонско Сонце“.

„Тиквеш е тим што апсолутно го почитуваме, тие се составени од квалитетни играчи и сигурно ќе дојдат овде во обид да стигнат до бодовите. Дури и би им ја препуштиле улогата на благи фаворити, но ние сме Пролет и верувам дека особено на домашен терен треба да стигнуваме до бодови на вакви натпревари. Го имаме анализирано противникот од подготвителните натпревари летово, подготвени ќе го дочекаме овој дуел, верувам во добра игра и позитивен резултат. Како што реков, цел мора да ни биде да победиме на што повеќе натпревари на свој терен“, порачува Никола Матлиески.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Кузмановски со пенал во последна секунда донесе реми против Австрија

Со гол од пенал во последната секунда, капитенот- Филип Кузмановски донесе реми...

Ракомет

ВИДЕО: Јовчевски со 15, а Пејковски со 13 „проектили“: Партизан со моќна победа над Шампион

Во меч со 81 гола екипата на Партизан славеше на гостувањето кај...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!